Сириските бунтовници го соборија од власт претседателот Башар ал Асад, помалку од две недели по молскавична офанзива која стави крај на децениското владеење на неговото семејство. Како што Сиријците се разбудија во изменета земја, знамињата на бунтовниците ги заменија плакатите на Асад, кои претходно беа надвиснати на речиси секој агол. Развојот може да доведе до значајна промена - ново официјално знаме за земјата која досега направи повеќе промени на знамето.
Актуелно сириско знаме
Се уште актуелното сириско знаме е во употреба од 1980 година и е знак на арапското единство. Боите во знамето значат следново:
Црвената ја претставува крвта пролеана во револуцијата за слободата на Сиријците. Белата боја означува мирна иднина. Зелените ѕвезди во средината ги претставуваат Сирија и Египет - двете држави основачи на Обединетата Арапска Република. Црното е за наводното угнетување што го трпат Арапите.
Ова знаме првпат беше усвоено во 1958 година кога земјата стана независна од европско влијание и одлучи да формира Обединета Арапска Република со Египет. Земјата го промени своето знаме уште три пати помеѓу 1961 и 1980 година пред да се реши на сегашниот дизајн. Меѓутоа, со соборувањето на Башар ал Асад тоа може да се промени наскоро.
Знамето на сириските бунтовници
Во неделата, додека бунтовниците објавија на сириската државна телевизија дека владеењето на 50-годишната семејна династија е елиминирано, зелено-бело-црно-црвените опозициски знамиња беа видени низ целата земја. Прославите одекнаа во Германија, Турција и Грција каде радосната толпа од илјадници луѓе ги вееше знамињата на сириската опозиција.
Поддржувачите на бунтовниците влегоа во сириската амбасада во Атина го подигнаа знамето на сириската опозиција од покривот. Полицијата приведе четири лица, но го оставија знамето да се вее.
Знамето на бунтовниците односно „Знаме на независноста“
Знамето на бунтовниците, сепак, не се разликува многу од сегашното сириско знаме. Има зелено на врвот, бело во средината и црно на дното на знамето со три црвени ѕвезди во средината.
Ова знаме е модифицирана верзија на знамето за независност за првпат користено во 1932 година кога Сирија стекна независност од Франција. Сириската опозиција го фаворизираше знамето да претставува независност од владата на Асад.
Башар ал Асад и неговото семејство се во Москва. Русија им даде „азил од хуманитарни причини“, пренесоа медиумите.
Откако беше соборен неговиот режим, во изјавата прочитана на телевизија беше цитиран Абу Мохамед ал-Голани - лидерот на исламистичката алијанса што ја предводеше офанзивата: „Ние продолжуваме да работиме со решителност за да ги постигнеме целите на нашата револуција... Ние сме решени да го завршиме патот што го започнавме во 2011 година“.
НДТВ - Њу Делхи