Њујоршката полиција го уапси Луиџи Манџоне (26) во Алтуна, Пенсилванија, осомничен за убиството на извршниот директор на „Јунајтед Хелт“, Брајан Томпсон во Њујорк, изјави комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш.
Таа рече дека кај Мангионе бил пронајден рачно изработен пиштол со придушувач што одговара на оружјето што се користело за пукање во Томпсон (50).
„Њујорк тајмс“ претходно објави дека полицијата привела маж осомничен за убиството на Томпсон, откако нашла манифест во кој се критикуваат здравствените компании дека го ставаат профитот над здравјето на пациентите