Силни експлозии одекнаа во сирискиот главен град Дамаск, јавија западни медиуми. Експлозиите се случија откако Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација, соопшти дека Израел извршил околу 250 напади досега врз цели во Сирија по падот на режимот на Башар ал Асад.
Калас потенцира дека сега, повеќе од кога било, се соочуваме со вооружени конфликти, хуманитарни кризи, климатски катастрофи, неказнивост, растечки нееднаквости и на премногу места постојана родова нееднаквост.
„Коперник“ потврди дека 2024 година ќе го постави новиот годишен рекорд како најтопла година досега и прва со температура над 1.5 степени Целзиусови.
САД и Велика Британија денеска објавија нови мерки за спречување на нелегалната трговија со злато, преку која се финансира војната на Русија против Украина и се поттикнува корупцијата.
Израелското создавање тампон зона меѓу Израел и Сирија е „опасен развој на настаните“, оцени катарското Министерство за надворешни работи.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска започна разговори со политичките партии за назначување на нов премиер.
ОЗХО соопшти дека „внимателно ги следи најновите случувања во Сирија со особено внимание на статусот на нејзините локации за хемиско оружје и другите места од интерес“.
Организацијата „Белите шлемови“ нуди награда од 3.000 долари за каква било информација што ќе доведе до откривање на таен затвор на режимот на Асад во Сирија.
Русија и Иран споделуваат одговорност за злосторствата кои режимот на Башар ал-Асад ги изврши врз сирискиот народ, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Поранешниот маринец и новинар имаше 31 година кога беше киднапиран во август 2012 година додека известуваше од Дамаск за востанието против Башар ал-Асад. Сириските власти тврдат дека не го држат во заробеништво.