Организацијата „Белите шлемови“ нуди награда од 3.000 долари за каква било информација што ќе доведе до откривање на таен затвор на режимот на Асад во Сирија.
Тимови на организацијата, официјално позната како Сириска цивилна одбрана, се упатени во потрага по скриени подземни ќелии каде што, според сомневањата, сѐ уште се наоѓаат затвореници.
„Особен повик упатуваме до поранешни чувари и луѓе кои работат во секторот за безбедност да помогнат за пристап до овие тајни затвори. Гарантираме целосна доверливост на изворите“, се наведува во соопштението.
Организацијата ги повика и семејствата на затворениците да бидат трпеливи и да не ги уништуваат доказите во затворите, кои можат да бидат искористени во идни правни постапки против режимот. „Изразуваме целосна солидарност со семејствата на жртвите и ги разбираме нивните чувства“, се додава во соопштението