Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) денеска ја потсети Сирија на нејзините обврски за правилно складирање на токсични хемикалии. Ова следува по влезот на бунтовниците во Дамаск викендов и соборувањето на претседателот Башар ал Асад.

ОЗХО соопшти дека „внимателно ги следи најновите случувања во Сирија со особено внимание на статусот на нејзините локации за хемиско оружје и другите места од интерес“.

Сирискиот премиер Мохамед Џалали денеска изјави дека повеќето владини министри сè уште работат во Дамаск, но нема јасност за залихите на хемиско оружје што Асад наводно го користел против цивили.

ОЗХО информира дека е во контакт со сириската амбасада во Хаг, каде што се наоѓа организацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 00:48