Холандската полиција употреби денеска водени топови и гумени палки со цел да го растури протестот против локдаунот во центарот на Хаг, кој се одржува еден ден пред парламентарните избори во земјата.
Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да го намали бројот на работни места до 5.000, така што ќе понуди предвремено или делумно пензионирање на повозрасните работници, пишува весникот „Ханделсблат“.
Шефот на американскиот Национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи изрази денеска надеж дека поранешниот претседател Доналд Трамп ќе ги повика своите приврзаници да се вакцинираат против Ковид-19, нагласувајќи дека воведените ограничувања поради пандемијата не треба да се укинат пред време.
Папата Франциск изјави денеска дека граѓанската војна во Сирија е една од најлошите хуманитарни кризи на денешнината, истакнувајќи дека 10-годишнината од нејзиното избивање треба да ги поттикне сите да побараат малку надеж за оваа земја.
Шпанската полиција уапси 12 членови на најголемата нарко банда во Мадрид и заплени автомобил „ферари“ вреден 250.000 евра, арсенал огнено оружје и јапонски меч
Министерството за здравство на Индија денеска на својата веб-страница објави дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 25.320 нови случаи на Ковид-19
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово денеска соопшти дека косовската амбасада во Ерусалим е официјално отворена, согласно договорот за меѓусебно признавање со Израел, постигнат во Вашингтон на 4 септември минатата година
Брисел го „зафркна“ снабдувањето со вакцини против коронавирус, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека неговата земја ќе биде „во голема неволја“ доколку самата не порача вакцини од исток
Вакцинацијата со лекот на АстраЗенека треба привремено да се запре додека не се испитаат случаите на згрутчување на крвта, изјави денеска ирскиот заменик-началник за јавно здравје Ронан Глин
Северна Кореја не одговорa на обидите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да воспостави неформален дипломатски контакт, изјави анонимен претставник на администрацијата во Вашингтон