Индустриското производство во ЕУ и еврозоната се опорави во јануари, по стагнацијата на крајот на 2020 година, покажа извештајот на Евростат
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави денеска дека првите дози од вакцината против Ковид-19 на американската компанија „Џонсон и Џонсон“ ќе бидат доставени во ЕУ најрано кон средината на следниот месец, иако таа беше одобрена вчера од регулаторното тело на Унијата
Советот на ЕУ одобри продолжување од шест месеци на санкциите против лица и ентитети што го загрозуваат територијалниот интегритет на Украина
Последните податоци на Европската комисија покажуваат дека под влијание на здравствената криза и забавената економија, потрошувачите во ЕУ консумираат поодржливи производи
Јапонија нема да учествува во договорот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и Кина во обезбедувањето вакцини за учесниците на Олимписките игри во Токио и Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година
Италија ќе биде во целосен карантин за велигденскиот викенд, се наведува во предлог-уредбата во која денеска имале увид некои западни медиуми, додека Владата во Рим се бори против забрзаното ширење на коронавирусот низ целата земја
Израелската војска денеска соопшти дека одржала заедничка поморска вежба со Грција и Кипар, како одраз на засилена соработка меѓу трите земји, кои гледаат на Турција како се поголем ривал на Медитеранот
Руските вакцини Спутник В, кои во Италија ги произведува фармацевтската компанија „Адиен Фарма & Биотек“, нема да бидат достапни на пазарот најмалку до крајот на 2021 година, објави денеска агенцијата ТАСС
Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) соопшти дека 65 новинари и медиумски работници биле убиени во 2020 година
Сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Сара, закрепнува по операцијата, откако вчера беше хоспитализирана поради воспаление на слепото црево