Крајот на диктатурата на Башар ал Асад е еден позитивен и долгоочекуван развој. Тоа ја покажува исто така слабоста на поддржувачите на Асад - Русија и Иран. Ова на мрежата Икс го напиша високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.
Иранските дипломати ја напуштија Сирија пред нападот на бунтовниците врз Иранската амбасада во Дамаск, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај.
„Режимот на Асад е централната алка во иранската оска на злото - овој режим падна“, рече Нетанјаху за време на посетата на планината Бентал на границата на Израел со Сирија, објави „Тајмс оф Израел“.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави веста за паѓањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, наведувајќи дека конечно „паднала варварската држава“.
Седум членови на најмоќната италијанска мафија, Ндрангета, се осудени на вкупно 125 години затвор за инфилтрирање во градските совети на Анцио и Нетуно, во римскиот регион Лацио.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека од почетокот на целосната инвазија од Русија загинале 43.000 украински војници, а 370.000 се ранети.
Сириските бунтовнички групи денеска објавија дека ќе се стремат кон соработка со „пријателските народи“ за постигнување стабилност и безбедност, откако го симнаа од власт претседателот Башар ал Асад и го зазедоа Дамаск.
Според еден извор, Трамп првично се двоумел за средбата, но на крајот се согласил. Друг извор близок до ситуацијата изјавил дека средбата траела 45 минути и била „добра и продуктивна“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече уривањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад „добра вест“ и повика на политичко решение за стабилизирање на Сирија,.
Израелски тенкови денеска првпат по 50 години ја преминаа оградата на границата со Сирија, јавува израелскиот весник „Маарив“.