Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во врска со процесот што доведе до паѓање на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави дека ова е историски ден за Блискиот Исток.

„Режимот на Асад е централната алка во иранската оска на злото - овој режим падна“, рече Нетанјаху за време на посетата на планината Бентал на границата на Израел со Сирија, објави „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху тврди дека ова е директен резултат на нападите на Израел врз Иран и Хезболах, главните поддржувачи на режимот на Асад



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 04:14