Седум членови на најмоќната италијанска мафија, Ндрангета, се осудени на вкупно 125 години затвор за инфилтрирање во градските совети на Анцио и Нетуно, во римскиот регион Лацио.

Шефот на калабриската мафија, Џакомо Мадафари, доби 28 години затвор, додека неговиот заменик, Давиде Пероначе, е осуден на 20 години, пренесе агенцијата Анса.

Двата градски совета на овие приморски градови, познати по битките во Втората светска војна, беа распуштени поради мафијашката инфилтрација.

Ндрангета е најбогатата италијанска мафија благодарение на контрола над европската трговија со кокаин и важи за најмоќна и најопасна, надминувајќи ја сицилијанската Коза Ностра.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 04:14