„Денеска е денот на Уставот. Дојдов само со цвеќе и молитва, бидејќи е тажно што основните вредности на романскиот народ се поништуваат. Демократијата и безусловното право на глас веќе не постојат,“ изјави Горгеску за „Аџерпрес“.
Руското Министерство за надворешни работи денеска објави дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил функцијата и земјата откако наредил мирно предавање на власта. Во соопштението, Министерството не наведува каде се наоѓа сега Асад.
По уривањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, повика на формирање нов регионален сојуз, јави ДПА.
Тројца мажи, обвинети за киднапирање на мало девојче, беа линчувани до смрт од толпа од 300 лица во село во државата Пуебла, соопштија мексиканските власти.
Папата Франциск денеска ја осуди економската нееднаквост во светот, истакнувајќи дека „нема никаква корист“ од финансискиот раст на развиените земји, додека остатокот од светот „умира во војни и од глад“.
Кинеската и руската амбасада продолжуваат да работат во Сирија, додека иранската амбасада во Дамаск беше нападната од бунтовници. Во меѓувреме, персоналот на ирачката амбасада е евакуиран во Либан.
Русија со години беше верен сојузник на Асад и интервенираше во 2015 година за да го поддржи за време на сириската граѓанска војна. Но, Русите го напуштија кога бунтовниците започнаа молскавична офанзива која на крајот го собори
Пентагон денеска соопшти дека САД ќе го задржат своето присуство во источниот дел на Сирија и ќе преземат соодветни чекори за да го спречат обновувањето на терористичката група „Исламска држава“.
Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс соопшти дека е идентификуван осомничениот за убиството на извршниот директор на Јунајтед Хелт (United Health), Брајан Томпсон, објави „Њујорк пост“.
Британската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за силни ветрови што ја погодија земјата по бурата Дара.