По уривањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, повика на формирање нов регионален сојуз, јави ДПА.

Во објава на платформата „Икс“, Лапид предложи сојуз што би ги вклучувал Саудиска Арабија и арапските земји што го потпишаа т.н.„Авраамов договор“ со Израел. Тој истакна дека целта е да се справат со регионалната нестабилност.

Таканаречениот Авраамов договор, наречен според личноста важна сите три големи монотеистички религии, е третиот договор за нормализација на односите на арапските земји од рогласувањето на еврејската држава во 1948 година. Претходните мировни договори со муслиманските арапски земји Израел ги потпиша со Египет во 1979 година, а со Јордан во 1994 година од кога и ова кралство доби дозвола да се грижи за муслиманските свети места на Ридот на храмот во Ерусалим.Со посредство на САД, Израел потпиша договори со Бахреин и Обединетите Арапски Емирати во 2020 година.

Иран, како главен непријател на Израел, е значително ослабен, што според Лапид создава можност за дипломатски успех кој ќе помогне и во Газа и на Западниот Брег.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 02:30