Безбедноста на потенцијалната вакцина за коронавирусот е на прво место, изјави денеска главниот научник на Светската здравствена организација Сумја Сваминанатан откако беше прекинато клиничкото испитување на вакцината од Универзитетот во Оксфорд и АстраЗанека поради сомнежи дека кај еден доброволец дошло до несакани ефекти
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, писмо со честитка до претседателот Пендаровски испрати неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, во која посочува дека оваа година земјава заслужено се радувала на приемот во НАТО и на одлуката за започнување пристапни преговори со ЕУ
Поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирусот, властите на Британска Колумбија во Канада наредија затворање на сите ноќни клубови, додека во Онтарио се одложи олеснувањето на преостанатите рестриктивни мерки воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19
Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија на бомба покрај пат, чија цел била првиот потпретседател на Авганистан Амрулах Салех, кој успеал да избега неповреден, соопшти неговиот портпарол
Првата серија руска вакцина против коронавирусот „Спутник V“ ќе пристигне во Венецуела кон крајот на овој месец за третата фаза од клиничките испитувања, најави венецуелскиот претседател Николас Мадуро
Британскиот министер за здравство Мет Ханкок денеска изјави дека одлуката на АстраЗанека привремено да го прекине тестирањето на вакцината против Ковид-19 е предизвик, но оти не значи дека мора да ги уназади напорите за развој на вакцината
Рускиот претседател Владимир Путин лично ќе објави доколку одлучи да ја прими вакцината против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
Според податоците на интернет страницата Worldometers, бројот на луѓе кои досега починале од последици од Ковид-19 во светот надмина 900.000
Кој пат ќе го изоди Црна Гора по изборите на кои владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ ја загуби власта, е прашање на кое многумина се обидоа да одговорат во последните неколку недели
Само неколку дена по отворањето, во речиси 50 училишта во канадската провинција Квебек беа пријавени случаи на Ковид-19, а четири дена подоцна тројно се зголеми бројот на училишта во кои се регистрирани заразени со коронавирусот