Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, се сретна со главниот европски преговарач за Брегзит денеска и изрази длабока загриженост за отсуството на напредок во преговорите, јави дописничката на МИА од Брисел.
Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден поднесе барање за продолжување на дозволата за престој во Русија за уште три години, изјави за ТАСС адвокатот на Американецот Анатолиј Кучерена.
Претседателот на француската Влада Жанс Кастекс ќе биде тестиран за Ковид-19, откако се утврди дека бил во контакт со директорот на трката Тур де Фран Кристијан Прудхом, кој е позитивен на вирусот, јави дописникот на МИА.
Во вториот квартал на 2020 година, Европската унија забележа сезонски пад на БДП од 11,4 , односно 11,8 проценти за еврозоната, покажуваат податоците на Евростат.
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го поканило германскиот амбасадор во Москва на разговор поради наводите на Берлин за ситуацијата во врска со рускиот опозициски политичар Алексеј Навални
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема контакти меѓу Москва и претставници на белоруската опозиција и дека такво нешто не доаѓа предвид
Демократски избраната белоруска Влада нема да смета дека е валиден ниту еден иден меѓународен договор склучен од белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави лидерката на опозицијата Свјатлана Тихановскаја во своето обраќање од егзил во Литванија
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, ја дозволи можноста дека е предолго на функцијата шеф на државата, но, воедно смета дека само тој е во состојба да „ги заштити Белорусите“
Високиот комесар за човекови права на ОН, Мишел Башеле, денеска ја повика Русија да спроведе или да соработува во целосно независната истрага за недвосмислениот заклучок на Германија дека опозицискиот лидер Алексеј Навални бил отруен од нервниот агенс Новичок
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја номинираше Мерид Мекгинис од Ирска за нов еврокомесар за финансиски услуги