САД имаат обврска да играат главна улога во Тихоокеанскиот регион и „да не отстапат ниту инч“ на другите земји кои мислат дека нивниот политички систем е подобар, изјави Марк Еспер, американски министер за одбрана.
Денеска стапува во сила првиот договор помеѓу Европската Комисија (ЕК) и фармацевтската компанија АстраЗенека чија цел е сите земји членки на ЕУ да имаат пристап до вакцината против Ковид-19 кога таа ќе биде комерцијализирана, јави дописничката на МИА од Брисел.
Морето исфрли најмалку 17 угинати делфини на брегот на Маурициус, па се поставува прашањето за поврзаноста со излевањето на нафта во почетокот на август во таа област. Според научници, станува збор за најтешка еколошка катастрофа во оваа островска земја досега.
Аргентина забележа рекордно дневно зголемување од 10.550 случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство, со што вкупниот број достигна 370.198 случаи од почетокот на пандемијата.
Извршниот директор на „Тик-Ток“, Кевин Мејер поднесе оставка, а привремено ќе биде заменет од извршната директорка Ванеса Папас.
Тајланд има намера половина од своите затвори да ги претвори во туристички атракции за да го зајакне туризмот во време кога оваа јужноазиска нација се обидува да се опорави од последиците на пандемијата на коронавирусот.
Началникот на Генералштабот на американската војска, генерал Мајк Мили и началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов разговараа за инцидентот помеѓу американските и руските вооружени сили во североисточна Сирија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Мајк Пенс пред конвенцијата на Републиканската партија синоќа формално ја прифати кандидатурата за потпретседател на САД за уште еден мандат, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Берзата на Нов Зеланд денеска нема да биде отворена за тргување поради кибер нападите во текот на последните два дена, соопшти операторот на берзата НЗКС.
Британско-француската компанија за клиничка дијагностика Новацит (Novacyt) започна производство на тест којшто го разликува коронавирусот од обичниот грип.