Морето исфрли најмалку 17 угинати делфини на брегот на Маурициус, па се поставува прашањето за поврзаноста со излевањето на нафта во почетокот на август во таа област. Според научници, станува збор за најтешка еколошка катастрофа во оваа островска земја досега.

Делфините, од кои некои биле живи кога биле пронајдени, се движеле близу плажите на Гранд-Сабл, во југоисточните делови на Индискиот Океан. На некои од животните се забележани и повреди.

Властите на Маурициус ги префрлија телата на делфините во лабораторија за испитување.

Околните жители веруваат дека делфините се жртви на излевањето нафта од јапонскиот товарен брод „МВ Вакашио“ што се случи во јули. При несреќниот случај, од пловилото се излеаја околу 1.000 тони гориво, што ги загрози ги коралите, рибите и другиот жив свет од тој дел на океанот.

Овен Грифитс, стручњак од Морското друштво Маурициус, пак, смета дека можеби се работи и за несреќна случајност. – Веројатно, делфините ја следеле рибата во лагуната, ја изгубиле својата ориентација и не успеале да се вратат во морето. Во паника и стрес, ги погодиле коралите. Изморени и исцрпени угинале, вели тој.

Во своја изјава, и Гринпис побара итна истрага за околностите на оваа трагедија.

Властите во Маурициус, со помош на странски стручни лица, сè уште го проценуваат влијанието на излевањето на нафтата од јапонскиот брод. Според нивните први заклучоци, гребенот на морското дно и коралите не се оштетени, но на коралите сепак, сè уште им се заканува и трупот на заринканиот брод.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2020 21:57