Иран потврди дека минатомесечната експлозија во нуклеарната централа „Натанц“ била саботажа.
Напаѓачот кој на 15 март минатата година уби 51 лице во две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд, планирал и трет напад, откриено е за време на судењето.
Експлозија на гасоводот кај Дамаск доведе до прекин на електричната енергија во Сирија, а министерот за нафта Али Ганем рече дека првите показатели биле дека станува збор за терористички напад.
Претседателскиот кандидат од демократите, Џо Бајден, изјави дека во случај да стане претседател, ќе ги зголеми даноците за оние што зааработуваат над 400 илјади американски долари годишно, а за тие со помала плата нема да има нови даноци.
Јужнокорејскиот дипломат Чанг Сонг-мин тврди дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во кома и дека неговата сестра ја презела контролата врз Северна Кореја, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“.
Две експлозии на бомби, во период од неполн час, синоќа одекнаа во градот Холо, во провоинцијата Сули, на 10.000 километри јужно од главниот филипински град Манила, јавија полициски извори, пренесе ДПА.
Советничката во Белата куќа и претставничка за печат на американскиот претседател, Келиен Конвеј, синоќа соопшти дека на крајот на август ќе го напушти претседателскиот тим, заради, како што наведе, семејни причини.
Во градот Киноша, во американска сојузна држава Висконсин, вчера избувнаа протести откако полицијата застрела невооружен Афроамериканец, поради што локалните власти воведоа полициски час.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе повторно беше во болница во Токио, вторпат во текот на изминатава недела.
Снимки од полициски акции во германски градови од викендот кружат на интернет. Тие делумно потсетуваат на постапките на полицијата во САД, па дебатата околу полициско насилство повторно се разгорува.