Иран потврди дека минатомесечната експлозија во нуклеарната централа „Натанц“ била саботажа.

Иранската организација за атомска енергија (МАЕО) не откри кој стои зад саботажата, а некои ирански претставници веруваат дека станува збор за кибер напад, пишува Би-Би-Си.

Натанц се наоѓа на 250 километри јужно од Техеран и е најголемата иранска инсталација за збогатување ураниум.

Информацијата беше објавена по серијата пожари и експлозии во различни постројки, што се случија во изминатите неколку недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2020 20:38