Канцеларијата на поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановска објави соопштение во кое се повикува на генерален штрајк, како начин да се издејствува оставката на претседателот Лукашенко.
Нема причина претседателските избори во Белорусија да ги прогласиме за неважечки врз основа на резултатите од пребројувањето на гласовите на некои избирачки места, објави Централната изборна комисија на својата веб-страница како одговор на жалбите кои пристигнаа до Комисијата, во кои се бара пребројување на гласовите.
Претседателството на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) внимателно ја следи состојбата во Белорусија и предлага посета на претседавачите и средба со официјални лица во таа земја, се вели во денешното соопштение на паневропската организација.
Вработените во белоруската национална државна Радио Телевизија тврдат дека повеќе од 200 луѓе веќе учествуват во штрајкот, пренесува ТАСС.
Северноатлантската алијансата внимателно ги следи настаните во Белорусија и е подготвена да ги заштити своите сојузници, изјави денеска Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Во протестна колона долга еден километар, вработени-штрајкувачи од неколкуте најголеми индустриски комплекси во Минск дојдоа денеска пред зградата на белоруската државна радиодифузна компанија „Белтелерадио“.
Ирската нискобуџетна авиокомпанија Рајнер ќе ги намали капацитетите за уште 20 проценти во септември и во октомври оради повторното воведување на некои ограничувања на патувањата, што доведе до значителен пад на однапред резервирање на билети во изминатите 10 дена.
Руски авион ловец Су-27СМ денеска пресретна американски авион РЦ-135 во близина на руската граница над Балтичко Море, соопшти денеска рускиот Национален центар за контрола на одбраната.
Поранешниот шпански крал Хуан Карлос од 3 август престојува во Обединети Арапски Емирати, изјави денеска портпаролот на кралското семејство.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека го повикале холандскиот вршител на должноста за да му врачи протестна нота заради тоа што бил шпиониран рускиот воен аташе во Холандија.