Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави денеска дека лидерите на ЕУ треба да разговараат за недостатоците во соработката во текот на пандемијата на Ковид-19.
Кипар се спротивстави на зголемениот притисок да ги одобри санкциите на ЕУ против Белорусија пред денешниот самит на врвот, и повикува на санкции против Турција против дупчењата во Средоземно Море.
Стапката на инфекција со коронавирус во Велика Британија се зголеми за четирипати во последниот месец, објавија британските научници врз основа на случајно тестирање на десетици илјади луѓе.
Претседателите на Русија, Франција и САД денеска повикаа на „итен прекин на борбените дејствија“ во Нагорно Карабах, објавено е на веб-страницата на Елисејската палата.
Тврдењата на рускиот опозиционер Алексеј Навални за претседателот Владимир Путин се навредливи и неосновани, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тврдењата на Навални дека рускиот претседател наводно бил поврзан со инцидентот со „труење“
Во изминатите 24 часа во Иран регистрирани се рекордни 3.825 новозаболени со Ковид-19 или на секои 23 секунди пријавен е нов случај, соопшти денеска иранското Министерство за здравство
Преговорите меѓу Велика Британија и Европската унија се водени во конструктивен дух, а Лондон работи напорно за да го обезбеди договорот, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.
По вчерашните средби со советниците на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и на канцеларката Ангела Меркел, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во германското Сојузно министерство за надворешни работи ги продолжува разговорите главно фокусирани на динамиката на усвојување на Преговорачката рамка
Екстремно десничарската група „Горди момчиња“ слави откако американскиот претседател Доналд Трамп во дебатата со противкандидатот Џо Бајден во Охајо одби директно да ги осуди расистите и оние кои пропагираат бела супериорност, пишува Гласот на Америка
Германскиот омбудсман го казни со 35,3 милиони евра шведскиот моден синџир H&M, бидејќи менаџерите се мешале во приватните животи на вработените со собирање податоци, како на пример верски уверувања и истории на болести