Полетувањата на авиони од аеродромот „Хитроу“ во Лондон од синоќа се обновени откако претходно беа прекинати, бидејќи во близина бил забележан дрон.
Унгарците во Белгија синоќа одржаа протестен собир пред европските институции, на кој говореја бројни унгарски опозиционери.
Ирачките безбедносни сили утрово почнаа акција за отстранување на знамињата на Курдската регионална управа (КРГ), кои тајно беа поставени на повеќе локации во Киркук.
Колегите на кинескиот научник Хе Џианкуј, кој тврди дека создал генетски модифицирани близнаци, отпорни на вирусот на СИДА, тврдат дека му се заканува строга казна, па дури и смртна, поради истражувањата, кои многумина ги сметаат за одвратни.
Владата на британската премиерка Тереза Меј синоќа претрпе нов пораз во Парламнетот во Вестминстер, откако пратениците усвоија амандман со кој на владиниот Кабинет му се поставуваат нов ограничување за Брегзит без договор.
Вкупниот број на полициски службеници во ЕУ во 2017 година изнесувал 1.643.000 лица, што претставува намалување за речиси три проценти во споредба со 2010 година, покажува анализа на европската статиситчка агенција Евростат.
Русија е подготвена да разговара на дипломатско и на воено ниво со САД за Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел (ИНФ), изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков..
Неколку странски конзулати во австралиските градови Мелбурн и Канбера се евакуирани денеска откако примиле сомнителни пакети.
Сите австриски спасувачки служби, пожарникари, војска и комунални служби за чистење патишта веќе неколку дена се во константна борба против досега најголемите наноси на снег во најголемиот дел на оваа алпска држава.
Јавни личности интелектуалци, активисти и организации од граѓанското општество од просторот на поранешна Југославија упатија отворено писмо до функционерите на Европската унија, во која предупредуваат дека политиката на затворени граници кон луѓето во движење, како што ги нарекуваат мигрантите и бегалците, за последица може да има зголемување на фашизмот.