Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша четири извршни декрети кои обезбедуваат економска помош на милиони Американци кои ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата Ковид 19.
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун нареди помош да се испрати во Кесонг, град на границата меѓу двете Кореи, што е ставен во карантин поради коронавирусот, јави денеска официјалната новинска агенција КЦНА.
Кубанските власти повторно воведоа строг карантин во Хавана, поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот. Властите наредија затворање на ресторани, барови и базени, прекин на јавниот превоз и забрана за пристап до плажа.
Нов Зеланд има 100 дена без ниту еден нов случај на локално пренесување на коронавирусот, но властите предупредуваат дека е рано да се релаксираат мерките.
Во јапонскиот град Нагасаки беше одбележана 75-годишнина од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна.
Премиерот на државата Викторија во Австралија, Даниел Ендруз изјави дека изворот на зараза не е познат за 2.700 случаи на Ковид-19, поради што надлежните се многу загрижени.
Личната заштитна опрема за еднократна употреба (ППЕ) значително придонесува за веќе сериозната криза со загадување со пластика, предупредуваат експертите.
САД планираат да го намалат своето воено присуство во Авганистан на „помалку од 5.000“ до крајот на ноември, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер во интервју за „Фокс њуз“.
Мекленбург Предна Померанија, Хамбург, Берлин, Бранденбург, Шлезвиг Холштајн и Северна Рајна Вестфалија – до средината на наредната недела во овие шест германски покраини почнува новата училишна година.
Премиерот на Либан, Хасан Диаб денеска најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот ја продлабочи кризата.