Регионалниот лидер на Каталонија, Ким Тора изјави денеска дека е позитивен на Ковид-19 и ќе биде во самоизолација во зградата на Владата.
Белгиската федерација на козметичари соопшти дека состојбата е премногу ризична за оваа група работници поради коронавирусот и нуди да им помогне на медицинските екипи доколку е потребно.
Во Австрија со коронавирусот се заразени вкупно 1.016 лица, соопшти денеска Министерството за здравство во Виена.
Германската покраина Баварија денеска воведе вонредна состојба во траење од 15 дена, која на Владата во Минхен ќе и овозможи полесно преземање мерки во борбата против новиот коронавирус.
Според информациите на Фајненшл Тајмс (ФТ), европските власти се подготвуваат да прогласат затворање на границите на Шенген зоната поради пандемијата Ковид-19.
Европската комисија претстави насоки за мерките за управување со внатрешните европски граници во контекст на вонредната состојба со Ковид-19.
По истрага што траеше 4,5 години, 20 луѓе ќе бидат изведени пред суд поради нападите во Париз во 2015 година. Во нив загинаа 130 луѓе и стотици беа ранети, јави дописникот на МИА.
Здружението на стоматолози и забари на Белгија ги замоли своите членови да ги одложат сите интервенции кои не се итни поради големиот ризик од контаминација со новиот коронавирус.
Европската комисија соопшти дека потпретседателот на оваа институција, Франс Тимерманс, одлучил да се стави самиот во карантин до 20 март, јави дописничката на МИА од Брисел.
Северноирскиот трговски ланец за храна „Ајсленд Фудс“ (Iceland Foods) во Белфаст одлучи од утре од 8 до 9 часот да работи исклучиво за постари лица, за да набават неопходни продукти кои им се потребни за време на пандемијата на коронавирусот.