Здравствените власти на Франција регистрираа 1695 нови случаи на коронавирус за 24 часа. Во вторникот, научниот совет што ја водеше Владата во борбата против Ковид-19 предупреди дека Франција нема да биде имуна од втор бран во текот оваа есен, јави дописникот на МИА.
Цената на златото денеска се искачи на ново рекордно ниво, бидејќи пандемијата на Ковид-19 ги намалува економските изгледи, па жолтите шипки се сè попривлечно засолниште за инвеститорите, иако аналитичарите велат дека овој брз раст може да предизвика некои корекции.
Американскиот Сенат денеска изгласа резолуција која повикува на слободни, чесни и транспарентни избори во Белорусија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Мексиканската држава Оахака забрани продажба на брза храна и слатки пијалаци на деца во обид да се намали широко распространетата дебелина и дијабетесот.
Преживеаните од првото атомско бомбардирање во светот денеска се собраа во Хирошима, Јапонија за да ја одбележат 75-годишнината од нападот, јави Гласот на Америка.
Ова е национална катастрофа, никогаш во животот не сум видел волку голема катастрофа, рече со солзи на гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, обраќајќи им се на новинарите меѓу урнатините на пристаништето во Бејрут, уништени од страотната експлозија во која загинаа најмалку 135 лица.
Властите на Лос Анџелес ќе започнат со исклучување на снабдувањето со струја и вода во домовите каде за време на пандемија се оддржуваат забави во кои учествуваат голем број луѓе, ова денеска го изјави градоначалникот на градот Ерик Гарсети.
Обилниот сезонски дожд уништи домови и инфраструктура низ целата држава Судан и погоди повеќе од 50.000 луѓе, соопштија денеска Обединетите нации.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пристигна во Бејрут, каде што изјави дека Либан се соочува со политичка и економска криза и предупреди дека земјата ќе продолжи да страда ако не спроведе реформи.
Метју Палмер, заменик помошник на државниот секретар и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, изјави дека САД се загрижени за тековните трендови во Србија, вклучувајќи ги и последните избори, повеќедневните протести во неколку градови и најавената истрага за финансиските трансакции на новинарите, невладините организации и здруженија на граѓани, кои ги спроведува владината Управа за спречување перење пари.