Две години по трагичното уривање на мостот во Џенова, при што загинаа 43 лица, италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва официјално отвори нов мост во тој пристанишен град со сечење на лента со боите на италијанското знаме.
Завршните лекарски прегледи на волонтерите кои учествувале во клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на нуспојави, објави денеска руското Министерство за одбрана.
Полскиот антимонополски регулатор „УОКиК“ денеска соопшти дека го казнил Гаспром 213 милиони злоти (57 милиони американски долари) за наводна несоработка на компанијата во врска со реализацијата на нејзиниот проект за гасоводот Северен тек 2.
Околу 200 мигранти во осум чамци пристигнаа утрово на италијанскиот остров Лампедуза, што уште повеќе ја искомплицира веќе тешката состојба на тој остров во јужниот дел на земјата.
Децата во североисточната германска држава Мекленбург-Западна Померанија денеска се вратија во училиште и со тоа беа првите во земјата што ја почнаа новата учебна година.
„Голите задници“-како што Кришо, жандармот од Сен Тропе ги нарекуваше нудистите, ќе можат да ја посетат, во костумот на Адам и Ева, изложбата Луи де Финес на 13 септември во Кинематеката на Париз, јави дописникот на МИА.
Шефот на кабинетот на бразилскиот претседател Жаир Болсонар, генералот Валтер Брага Нето, е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска неговата канцеларија.
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина пред пристигнување на бурата, за да се овозможи пристап до федералните фондови со цел да се координираат напорите за помош на градовите и населбите.
Училиштата во Мексико нема да бидат отворени за учениците кога ќе почне новата академска година на 24 август за да се заштити здравјето на учениците и наставниците затоа што во земјата се уште дневно има многу новозаразени, изјави денеска министерот за образование Естебан Моцезум.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека можеби никогаш нема да има сигурен лек за коронавирусот, иако сите се надеваат на спасоносна вакцина против вирусот со кој се заразија десетици милиони луѓе.