Две години по трагичното уривање на мостот во Џенова, при што загинаа 43 лица, италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва официјално отвори нов мост во тој пристанишен град со сечење на лента со боите на италијанското знаме.

Церемонијата почна со читање на имињата на 43 лица кои загинаа во несреќата што се случи на 14.08.2018 година, проследена со триминутно молчење.

Пред отворањето на новиот мост во 18:30 часот почна силен дожд и со грмотевици потсети на невремето што ја зафати Џенова на денот на несреќата кога се урна стариот мост.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте, како и други високи функционери присуствуваа на инаугурацијата на новиот мост „Сан Џорџо“ кој го дизајнираше познатиот архитект Ренцо Пјано од Џенова.

Во својот говор на церемонијата, Конте истакна дека Италија, „и покрај стереотипите, знае како да стане и повторно да се придвижи“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2020 23:42