cc Метеоролозите предупредуваат на закани од поројни дождови и силни ветрови, додека тропската бура Исајас се пробива кон источниот брег на САД, со очекување дека може да стигне до копното вечерва, некаде долж границата меѓу Северна и Јужна Каролина.

Националниот центар за урагани соопшти дека Исајас треба да остане подалеку од брегот додека минува покрај Флорида преку ноќ и Џорџија во текот на денот.

Рано денеска, Исајас носеше ветрови со максимална брзина од 110 километри на час, а се очекува дека ќе остане силна тропска бура и во моментот кога ќе стигне до копното.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2020 23:29