Американскиот државен секретар Мајк Помпео и британскиот премиер Борис Џонсон денеска разговараа за кинеските активности во Хонг Конг и за нејзиното постапување со муслиманите во Ксинџијанг, соопшти Даунинг стрит.
Кандидатот на Демократската партија за американски претседател, Џо Бајден, изјави дека нема да толерира мешање од Русија или која било друга земја во изборите во неговата земја.
Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, денеска соопшти дека планира пред крајот на годината да отпатува за Кина, во време кога Вашингтон го обвинува Пекинг дека Јужното кинеско море го претвори во своја поморска империја.
Премиерот на Јордан, Омар Разаз денеска изјави дека кралството позитивно би гледало на создавање на бинационална држава, која би гарантирала еднакви права на Израелците и Палестинците, доколку предложената израелска анексија на окупираните делови на Западен Брег би ја затворила вратата за решението „две држави“.
Украинската полиција вечерва го уапси вооружениот маж, кој денеска киднапира автобус со десетина заложници во западниот украински град Луцк.
Откако заштитната маска стана задолжителна на речиси сите затворени јавни места, цената на овие маски за буџетот на едно просечно француско семејство преставуваат сериозен трошок. Овој трошок државата ќе го преземи, изјави министерот за здравство на Франција, јави дописникот на МИА.
Активисти на Здружението за одбрана на животните Л214 од Лион, но и од цела Франција, денеска демонстрираа против условите за одгледување пилиња што се нудат на продажба од продавниците на Лидл, јави дописникот на МИА.
Во оваа фаза од истрагата нема индикации дека пожарот во катедралата од 15-от век во Нант, во западниот дел на Франција, бил намерно подметнат, изјави денеска францускиот министер за финансии, Жералд Дармањин.
Експлозии се слушнаа во украинскиот град Луцк, на местото каде вооружениот напаѓач држи заложници, соопшти телевизијата „Канал 24“.
Вториот бран на коронавирот, што се уште е активен во Франција, најверојатно ќе се појави во периодот од октомври до декември, изјави претседателот на францускиот Научен совет за Ковид-19, Жан -Франсоа Делфраси.