Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги пофали денеска Гугл, Фејсбук и Твитер бидејќи одбиле да им предадат податоци за своите корисници на Владата на Хонгконг и ги охрабри другите компании да го направат истото
Во експлозија на нафтеното поле Гбетиокун, во јужниот дел на Нигерија, при поставување скеле на платформата, загинале седум лица, соопшти денеска државната нафтена компанија
Познатиот светски инвеститор Ворен Бафет донираше акции вредни приближно 2,9 милијарди американски долари од конгломератот „Беркшир Хатавеј“ на четири семејни организации и на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, што е последен, но не и најголем придонес согласно неговиот план да го подели своето богатство
Саудиска Арабија го кандидираше денеска поранешниот министер за економија и планирање Мухамед Мазаид ел Туваиџри за функцијата генерален директор на Светската трговска организација
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги опиша денеска обвиненијата за корупција во врска со поранешниот крал Хуан Карлос како вознемирувачки, откако неколку медиуми објавија детали кои се однесуваат на истрагата за наводни финансиски средства кои ги добивал при постигнување на железничкиот договор
Одделението за интензивна нега во болницата „Папа Јован XXIII“ во Бергамо, за првпат од почетокот на епидемијата, почната на 23 февруари, нема пациенти со Ковид-19, соопшти денеска болницата
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Европскиот парламент ја образложи програмата на германското претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека „треба да се стреми кон напредок на земјите од Западен Балкан и да им се даде перспектива за членство во Унијата“
Германската министерка за жени, Франциска Гифај денеска изрази надеж дека коалициската Влада наскоро ќе договори квота за учество на жените во управните одбори на најуспешните германски компании, врз основа на квотите од 30 отсто во надзорните одбори, воведени во 2015 година
Повеќе протестни митинзи денеска се одржаа во Тулуз, Морлекс и Париз поради најавите за укинување на илјадници работни места во „Ербас“, „Нокиа“, „Хоп“ и „Санофи“
Универзитетите Харвард и МИТ ја тужат администрацијата во Вашингтон пред Федерален суд со барање да се блокираат упатствата со кои странските студенти во САД се лишуваат од виза ако курсевите ги следат онлајн.умина сметаат дека упатствата, издадени од американската служба за имиграција во понеделникот, се притисок за отварање на универзитетите и покрај растечката загриженост од ширењето на Ковид-19 кај младите луѓе во изминатиот период