Повеќе од половина милион луѓе во Италија ги загубија своите работни места од февруари до мај годинава, како резултат на пандемијата на Ковид-19 и економската криза што следеше, јавија локалните медиуми
Франција денеска е осудена од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за недоволна помош на барателите на азил. Според судот од Стразбур, бегалците биле „жртви на понижувачко постапување, што сведочи за недостиг на почитување на нивното достоинство“
Градоначалникот на Ричмонд, Левар Стоуни, синоќа издаде наредба за итно остранување од постаментите на сите споменици на дејците на Конфедеративните Американски Држави од времето Граѓанската војна
Палестинската управа (ПА) денеска соопшти дека ќе ги намали платите на десетици илјади нејзини вработени, откако протестната акција против плановите на Израел за анексија на окупираниот Западен Брег ја продлабочи финансиската криза
Британски судија одби да и даде контрола на Венецуела над повеќе од милијарда долари во злато, кое се наоѓа во трезор во Банката на Англија, пресудувајќи дека е нелегално да му се предаде златото на Николас Мадуро, бидејќи Велика Британија не го признава за претседател на Венецуела
Повеќе од 90 луѓе загинаа во Етиопија во немирите предизвикани низ целата земја поради убиството на популарниот пејач Хачалу Хундеса, објавија денеска локалните медиуми
САД поставија уште еден црн дневен рекорд за бројот на нови случаи на коронавирус, повеќе од 50.700, се наведува во најновиот извештај на Универзитетот Џонс Хопкинс
Исходот од гласањето за уставните измени Кремљ денеска го нарече „триумф“, велејќи дека тој де факто бил референдум за јавната доверба за претседателот Владимир Путин, на кого му се овозможува да остане на власт до 2036 година
Блискоисточните земји достигнале „критичен праг“ во одговорот на пандемијата на новиот коронавирус, откако мерките за карантин постепено се ублажени со отворање на границите, соопшти Светската здравствена организација
Градските власти изгласаа намалување на буџетот за полициското одделение во Лос Анџелес за 150 милиони долари, со што ќе се намали бројот на полицајци на нивото од пред повеќе од 10 години