Блискоисточните земји достигнале „критичен праг“ во одговорот на пандемијата на новиот коронавирус, откако мерките за карантин постепено се ублажени со отворање на границите, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Ахмед Ал-Мандхари, директор на СЗО за регионот на источниот Медитеран, изјави дека бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во јуни бил поголем отколку во текот на четирите претходни месеци заедно.

Тој истакна дека околу 87 отсто од смртните случаи како последица на Ковид-19 се потврдени во само пет земји од регионот – Иран, Ирак, Саудиска Арабија, Египет и Пакистан.

Помалку случаи на зараза се забалежани во Сирија и Јемен, меѓутоа Ал-Мандхари смета дека тоа е веројатно последица од проблемите при спроведување на тестирањата, лекувањата и следењето на контактите на заболените, поради војните во овие земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 13:16