Американските здравствени експерти упатија критики до „Америкен ерлајнс“ и другите авиопревозници поради користењето на полните капацитети на авионите, истакнувајќи дека со тоа се испраќа погрешна порака додека земјата се бори со порасатот на новозаболени лица од Ковид-19
Најмалку 7,8 милиони Бразилци во периодот март – мај ги загубиле своите работни места, покажуваат најновите податоци на државната статистичка служба, во која се вели дека стапката на вработеност кај работоспособното население опаднала под 50 проценти
Ватиканската полиција вчера изврши претрес во одделението задолжено за одржување и реставрација на Базиликата Свети Петар, и заплени документи и компјутери со цел да истражи евентуална корупција
Во затворот Сент Квентин, најстарата казнена установа во американската сојузна држава Калифорнија, дојде до драстично зголемување на бројот на заразени со коронавирус, со оглед на фактот дека повеќе од 1.000 затвореници излегле позитивни на тестирањата, јавија локалните власти
Во изминатите 24 часа во Бразил починале 1.280 луѓе од последици од новиот коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 59.594, соопшти бразилското Министерство за здравство
Канадската Влада до крајот на јули ја продолжи забраната за влегување во земјата за повеќето странци, како дел од напорите да се забави ширењето на коронавирусот
Спасувачките екипи кои трагаат по бродот со мигранти што се преврте во езеро во источна Турција, денеска пронајдоа пет тела, соопштија официјалните лица.
Со последните 30 смртни случаи во последните 24 часа, црниот биланс на епидемијата на Ковид-19 во Франција, достигна 29 843, јави дописникот на МИА.