Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.782.854. Од нив починале 493.615, а оздравеле 5.299.275 луѓе.
Во Полска в недела ќе се одржат претседателски избори, што се сметаат за тест за сегашниот шеф на државата, Анджеј Дуда и владејачката конзервативна Партија на правото и правдата.
Американската Влада предупредува дека е можно повеќе од 20 милиони луѓе во САД се заразени со новиот коронавирус, јави Глас на Америка.
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон ги повикаа завојуваните страни во Либија да го прекинат огнот и да се вратат на масата за преговори.
Визни ограничувања најавија САД денеска за сегашните и поранешни функционери на Комунистичката партија на Кина (ККП) за кои се верува дека се одговорни или се соучесници во наводно поткопување на високиот степен на автономија или човекови права на Хонг Конг“, соопшти Стејт департментот.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот денеска нареди затворање на баровите од 12 часот по локално време по повторното ширење на коронавирусот во таа американска држава.
Доктор Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во САД, изјави денеска дека работната група за коронавирус на Белата куќа „сериозно размислува“ за групно тестирање за Ковид-19 и дека сегашната стратегија за тестирање се покажала како несоодветна.
Властите во Мјанмар денеска, по повод Меѓународниот ден на борба против дрогата, уништија запленета дрога во вредност од 839 милиони американски долари.
Во американските сојузни држави и градовите, каде овие денови се шири заразата со коронавирусот, меѓу заразените има се поголем број млада популација, па официјалните претставници повторно повикуваат за примена на превентивните мерки, како носење заштитни маски и одржување физичка дистанца, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Обединетите нации соопштија дека напуштениот танкер со нафта, закован крај брегот на Јемен, кој содржи повеќе од милион барели сурова нафта, е во опасност од пукање или експлодирање, што може да предизвика огромна штета на живиот свет на Црвеното Море и меѓународните транспортни патишта.