Американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше хоспитализиран поради инфекција со новиот коронавирус, побарал во недела да биде пуштен од болница, изјавија извори за Си-Ен-Ен.
Ашот Пашинјан, син на ерменскиот премиер Никола Пашинјан, доброволно се пријави во армијата да биде на фронтот во судирите со азербејџанските сили.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги откажа сите денешни обврски и беше тестиран за новиот коронавирус, откако беше утврдено дека негов неименуван близок колега бил позитивен на Ковид-19, изјави денеска неговиот портпарол.
Прес – секретарката на Белата куќа, Кејли Мекенани денеска објави дека има позитивен тест за коронавирус.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска апелираше за примирје во Нагорно-Карабах.
Претставници на етничките Ерменци во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах во Азербејџан денеска изјавија дека во борбите со Азербејџан биле убиени уште 21 војник.
Вработените во јавниот превоз во четири германски покраини за утре најавија штрајк, предупреди денеска германското МВР.
Шкотската Влада размислува дали да воведе дополнителни ограничувања за контрола на случаите на коронавирус, кои се во пораст.
Пандемијата и Брегзит без трговски договор со Европска Унија може да ја чини Велика Британија 134 милијарди фунти годишно, се наведува во извештајот на адвокатската канцеларија „Бекер&МекКензи“.
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, доктор Мајкл Рајан, денеска изјави дека, според неговите најдобри проценки, приближно едно од 10 лица низ целиот свет може да биде заразено со коронавирусот.