ЕУ смета дека Минск групата на ОБСЕ, со која претседаваат САД, Русија и Франција, е основна платформа за решавање на конфликтите во зоната на Нагорно Карабах, вели портпаролот на ЕУ, Питер Стано.
Здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да се подобрува ноќеска, а Белата куќа е оптимист дека тој ќе ја напушти болницата во текот на денов,јави „Фокс њуз“, повикувајќи се на изјава на шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоус.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека Владата го предвидела растот на бројот на инфицирани лица со Ковид-19 и останува да се види дали во текот на следните недели вонредните мерки ќе успат да го сопрат ширењето на епидемијата
Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти денеска дека ерменските вооружени сили извршиле ракетни напади врз градот Хорадиз, населби во округот Ахџабади, градот Тертер и околни населби, како и територијата Горанбој и Гојгол
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нема симптоми на коронавирус, работи нормално преку видео конференција и е апсолутно добро, изјави портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер
Иран денеска соопшти дека работи на постигнување примирје во кавкаскиот регион Нагорно-Карабах и дека е во постојан контакт со двете завојувани страни, како и со Руската Федерација
Ерменското Министерство за одбрана го обвини денеска Азербејџан дека намерно шири дезинформации за ерменското бомбардирање на градот Ганџа, со што бара изговор за нови провокации
Азербејџан и соседна Ерменија и денеска продолжија со интензивни борби околу спорниот регион Нагорно Карабах, со што вооружениот конфликт влезе во деветтиот ден
Литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевичиус, објави дека оди во самоизолација по состаноците со членовите на делегацијата во придружба на францускиот претседател, кои беа тестирани позитивни на коронавирусот по посетата на Макрон на балтичките земји
Највисоките ирски здравствени функционери и препорачаа на Владата да воведе втор национален карантин во земјата во траење од четири недели, што за многумина е изненадувачка мерка за која владата треба денеска да дискутира