Европа мора поцврста, поодржливата, поконкурентна и пообединета да излезе од актуелната криза со новиот коронавирус, истакнаа денеска премиерите на Германија, на Португалија и на Словенија, следните земји кои ќе претседаваат со Европска Унија
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, свика вонреден ЕУ самит на 17 и 18 јули, ова ќе биде прва физичка средба помеѓу лидерите откако започна кризата со коронавирусот
Годишната евалуација на Европската комисија за состојбата со иновативноста во земјите членки на ЕУ покажува подобрување на перформансите речиси секаде и покрај истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, со Шведска како водечка земја
Кинески и индиски воени команданти се согласија да ги повлечат своите сили од спорната област на Хималаите по судирите во кои загинаа најмалку 20 војници, објавија денеска двете држави
Економијата на еврозоната повторно падна во јуни, иако значително поблаго од претходниот месец, благодарение на индикациите за закрепнување на побарувачката паралелно со ублажувањето на мерките за борба против пандемијата на коронавирусот, покажува извештајот на компанијата „Маркит“
Германските власти донесоа одлука за повторен карантин на областа Гитерсло во сојузната држава Северна Рајна – Вестфалија откако новиот коронавирус повторно се појави во една фабрика за месо
Премиерот на Сингапур Ли Хсиен Лонг денеска најави одржување општи избори следниот месец, имајќи ја предвид добрата безбедносна ситуација со коронавирусот
Шефот на германскиот институт Роберт Кох (РКИ), Лотар Вилер денеска предупреди дека пандемијата на коронавирусот сè уште не поминала
САД ќе распоредат во Полска 2.000 војници, кои во моментов се стационирани во Полска, соопштува денеска дневниот весник „Газета Правна“, на еден месец пред посетата на полскиот претседател Анджеј Дуда на Вашингтон
Повеќето жители на Велика Британија се изјаснија за намалување на платата на премиерот Борис Џонсон, јави БГНЕС, повикувајќи се на „Дејли меил“