Во Русија е уапсен маж, кој сам украл, само со обичен алат, околу 275 тони метал од железницата, соопшти полицијата во Санкт Петербург.
Либералните демократски институции и држави се под постојан притисок од надвор и од внатре. Поради тоа сега се поставува прашањето до кој степен либерализмот и демократијата можат да се заштитат и да ги издржат притисоците.
Граѓански здруженија во САД поднесоа тужби против претседателот Доналд Трамп и членови на неговата администрација под обвинение за нечовечки однос кон повеќе од илјада илегални имигранти во Калифорнија.
Дваесет и шест луѓе загинаа, а 35 се повредени при воздушни напади извршени од коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, врз рибарско пристаниште и пазар во јеменскиот град Ходеида, соопштија здравствените власти.
Група сенатори републиканци и демократи поднесоа предлог-закон, кој според нив ќе го зголеми притисокот врз Русија како одговор на мешањето на Москва во изборите на САД, како и поради нејзините активности во Сирија и агресијата во Крим.
Поранешниот полски претседател и добитник на Нобелова награда за мир, Лех Валенса изјави дека сака да се „смири со непријателите“ пред неговата смрт.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур ги прокоментира заклучоците на комитетот на САД за разузнавачките активности околу „мешањето“ на Русија, нарекувајќи ги „смешни“.
Делови од Европа и Азија деновиве се соочуваат со невообичаен високи температури, а во голем број земји издадени се предупредувања поради горештините.
Почна изградбата на музеј, со кој ќе се одаде почест на драматичното спасување на 12 деца и нивниот тренер и еден спасувач, кој загина во северната тајландска провинција Чианг Раи за време на спасувањето од пештерата Там Луанг.
Израелската армија денеска соопшти дека убила седум вооружени терористи, за кои смета дека се припадници на Исламска држава. Тие се елиминирани кога преминале на Голанската висорамнина на израелска територија.