Властите во Хаг приведоа околу 400 луѓе кои протестираат против мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус
Талибанци изминатите недели киднапирале приближно 60 цивили во авганистанската провинција Даикунди
Вооружените сили на Индија и на Кина имаат некои од најсофистицираните современи оружја во светот, но нивниот најсмртоносен судир во изминативе над 50 години се водеше со тупаници, со камења завиткани во бодликава жица и рововски палки
Еднакво партнерство е една од темите во фокусот на видео-конференцијата ЕУ-Кина што ќе се одржи денеска. Меѓу главните теми ќе бидат се и преговорите за инвестициски договор меѓу Европската унија и Кина, што ќе го олесни пристапот на европските компании до кинескиот пазар
Околу 25.000 луѓе, претежно жени и деца, ги загубиле животите во Медитеранот во изминатите осум години
Француската полиција во Париз и во Нант се судри со посетителите на музичките фестивали, што вчера се одржаа во рамките на традиционалната годишна манифестација Празник на музиката
Белата куќа се подготвува за можен втор бран на коронавирус наесен, но сепак тоа не значи дека новиот бран сигурно ќе дојде, изјави Питер Наваро, советник во Белата куќа задолжен за трговија и производство, во меѓувреме, бројот на нови случаи во земјата е во пораст
Јужна Кореја го повика својот северен сосед да се откаже од планот за исфрлање пропагандни летоци на границата, откако Северна Кореја соопшти дека е подготвена да испрати 12 милиони летоци во најголемата ваква психолошка кампања против јужниот ривал
САД и Русија денеска треба да разговараат за контрола врз оружјето на состанок во Виена, осум месеци пред да истече клучниот договор за нуклеарно оружје
Бројот на починати лица од последици од новиот коронавирус во Бразил надмина 50.000, соопшти бразилското Министерство за здравство