После повеќенеделни протести против полициската бруталност и расизмот, илјадници активисти демонстрираа низ САД, но во карневалска атмосфера по повод Денот на еманципација, кога се одбележува 19 јуни 1865 година – кога ропството било официјално укинато во цела Америка
Европскиот парламент усвои резолуција „Животите на црнците се важни“ како одговор на протестите за расна правда што се проширија низ цела Европа по убиството во САД на Афромериканецот Џорџ Флојд, јави Еуроњуз
Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил достигна 1.038.568, а од Ковид-19 починаа 49.090 луѓе, соопшти Министерството за здравство на таа земја
На границата меѓу Индија и Кина на 18 јуни настана конфликт помеѓу војниците на двете земји, нуклеарни сили што заедно сочинуваат една третина од светското население
Кина оцени дека „несоодветните“ изјави на комесарката на ООН за човекови права Мишел Башеле за законот за национална безбедност во Хонг Конг претставуваат „грубо мешање во суверенитетот и внатрешните работи на Кина“
Највисокиот суд во Франција, Државниот совет ја потврди пресудата на понизок суд со која му нареди на „Гугл“ да плати казна од 50 милиони евра поради тоа што не бил „доволно јасен и транспарентен“ во однос на правата на корисниците на „Андроид“ за заштита на податоците.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека сите земји членки на ЕУ се подготвени да сторат сé што е можно за до крајот на годината да се постигне договор за единствено партнерство со Велика Британија.
Европол предупреди дека за време на изолацијата поради пандемијата, зголемена е дистрибуцијата на содржини што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека Доналд Трамп не е марионета на Владимир Путин, коментирајќи ги обвинувањата на поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон дека рускиот претседател манипулирал со својот американски колега.
Лидерите на ЕУ не успеаја да постигнат договор за седумгодишниот буџет и новиот план за економско заздравување за излез од кризата, нов самит ќе се одржи идниот месец, јавува дописничката на МИА од Брисел.