Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја затворат повторно економијата затоа што неколку сојузни држави соопштија за зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбрег, ги поздрави иницијативите за продолжување на дијалогот меѓу Србија и Косово, како единствен начин за решение на проблемот
Германскиот министер за финансии и вицеканцелар Олаф Шолц има добри шанси да стане кандидат на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за канцелар на изборите следната година
Поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон во серијата обвиненија за својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп, напишани во неговите мемоари што деновиве треба да се објават, кажува дека Трамп на ланската средба зад затворени врати со кинескиот претседател Си Џинпинг го замоли да му помогне да победи на изборите
Филипинските трупи утрово убиле петмина комунистички бунтовници во престрелка во централната провинција Негрос , до која дојде откако се обиделе да врачат налог за апсење, изјави портпаролот на армијата
Видот на вирусот што сега се појави во Пекинг всушност е главниот вид на вирусот што е доминантен во европските земји, јави радиот „Кри онлајн“
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог-закон за воведување санкции кон Кина поради репресија на Пекинг врз кинеското ујгурско малцинство со муслиманска вероисповед
Нови привремени членки на Советот за безбедност на ОН од ноќеска се Индија, Мексико, Ирска и Норвешка, соопшти на својот Твитер налог светската организација
Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека САД продолжуваат да се соочуваат со првиот бран на коронавирусот, истакнувајќи дека е загрижен за појавата на нови епидемии во земјата
Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела во Вашингтон ќе разговора со својот полски колега, претседател Анджеј Дуда, а теми на средбата треба да бидат одбраната, трговијата, енергетиката и телекомуникациската безбедност, соопшти Белата куќа