По повеќе од два месеца забрана воведена поради Ковид-19, од 3 јуни на италијанските граѓани ќе им биде дозволено да се движат надвор од регионот во кој се наоѓаат
Европската комисија соопшти дека донесе одлука да не го класифицира новиот коронавирус на максималното ниво на опасност предвидено со законот за заштита на работниците, на големо незадоволство на сидникатите
Германската економија опадна за 2,2 проценти во првиот квартал од 2020 година, што претставува најголем квартален пад од финансиската криза во 2009 година, покажуваат денешните прелиминарни статистички податоци
Медицинската служба на вооружените сили на Франција спроведе многу детална анализа за епидемијата на носачот на авиони „Шар де Гол“, што мораше да биде вратен во своето матично пристаниште во Тулон, откако во април 1.064 морнари (од вкупно 1.767 тестирани) беа позитивни на „Ковид-19“
Кандидатката за претседател на Полска на најголемата опозициска партија „Граѓанска платформа“, Малгожата Кидава-Блонска, се откажа од учество на изборите
Во Германија во иднина ќе биде забрането палење странски знамиња или знамиња на Европската унија, одлучи синоќа германскиот Бундестаг
Европската комисија планира двојно да ја намали употребата на хемиски пестициди до 2030 година, за да се запре падот на запрашувачите, што е план што најверојатно ќе предизвика критики од оние кои бараат целосно исфрлање на хемиските материи, но и од земјоделците кои тврдат дека ќе дојде до пропаѓање на земјоделските култури
Во Австрија денеска, по точно 60 дена, повторно се отворија кафулињата и рестораните, кои беа привремено затворени поради рестриктивни мерки за борба против ширењето на новиот коронавирус
Обвинувањата за брутално постапување на кинеската полиција не би смееле да се користат како „оружје во политички протести“, се оценува во извештај на Независниот одбор за жалби за работата на полицијата (ИПЦЦ) и се додава дека Хонгконг, судејќи по се, влегува во „период на тероризам“
Десетици илјади Филипинци денеска се упатија кон центрите за евакуација, обидувајќи се да ги следат протоколите за држење дистанца, откако силниот тајфун Вонгфонг вчера мина низ земјата