Три милиони луѓе се тестирани до крајот на април во кинескиот град Вухан, каде беше првото жариште на новиот коронавирус, а властите ќе настојуваат да ги тестираат сите 11 милиони жители, јави агенцијата Ксинхуа
Шефот на шпионските операции на армијата на Северна Кореја е сменет без образложение, кусо време после мистериозното дваесетдневно исчезнување на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун
Најквалификуваните американски лекари исчезнаа од екраните на американските национални телевизии во време кога Белата куќа спроведува засилена контрола на комуникациите поради пандемијата на коронавирусот и се обидува да ја убеди јавноста во оправданоста за брзо рестартирање на американската економија, јави Си Ен Ен
Вакцината против коронавирусот што била развиена од научници од универзитетот Оксфорд и тестирана врз шест мајмуни, дала ветувачки наоди кои на крајот од минатиот месец довеле до почетни испитувања и врз човекот, соопштија американски и британски истражувачи
Извозот на отпаден материјал од земјите членки на ЕУ во земјите надвор од Унијата од 2004 година се зголеми за две третини (66 проценти), но беше стабилен од 2018 до 2019 година
САД ја обвинија терористичката група Исламска држава, а не Талибанците, за нападот на породилиште во Авганистан, во кој загинаа 24 лица, вклучувајќи и две новороденчиња
Полициската агенција на Обединетите нации предупреди дека порестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе доведат до долгорочно зголемување на трговијата со луѓе, пренесува „Гардијан“
На верниците кои ќе присуствуваат на миса во црквата „Свети Петар“ и другите папски цркви во Ватикан и Рим ќе мора да им се проверува телесната температура, како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти Ватикан
Најново истражување на СЗО спроведено во Африка предупредува дека од коронавирус можат да се заразат до 231 милиони лица, пренесе „Дојче веле“
Австриската авионкомпанија Остријан ерлансј смета дека употребата на заштитни маски во борбата против ширењето на коронавирусот во авионите е посоодветно отколку оставањето на средното место празно, изјави портпаролот на компанијата, Марлен Пирхнер