Поради пандемијата на коронавирус „малку веројатно“ е дека светските лидери и илјадници други учесници ќе можат да пристигнат во Њујорк во септември за годишното Генерално собрание на ООН, изјави генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш
Пандемијата на новиот коронавирус во Италија покажа економски недостатоци што можат да доведат до најголемата рецесија на земјата по Втората светска војна, при што лидерите на Европската Унија сè уште не се во можност да се договорат за финансиска помош на најтешко погодените ЕУ-членки од криза, пренесува Радио Слободна Европа, пишувањата на светските медиуми што оценуваат дека не е само во прашање стабилноста на Италија, туку и на Европа
Националниот парк Јелоустоун во САД, сега целосно затворен за посетители поради пандемијата, ќе биде отворен, делумно, на 18 мај, соопштија од управата на Паркот на Твитер.
Вооружените сили на Нигерија ослободија најмалку 72 заложници на радикалната група Боко Харам, пренесе агенцијата Ксинхуа
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ја повика опозицијата во таа земја да номинира кандидати за парламентарните избори во 2020 година
Европскиот суд на правдата денеска треба да донесе одлука за тоа дали Унгарија незаконски ги задржува барателите на азил во транзитна зона на нејзината граница со Србија, која не е членка на ЕУ, јави ДПА
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, кој се покажа позитивен на тестот за коронавирус, вели дека бил хоспитализиран со билатерална пневмонија, а тоа е, вели, кога имате воспаление на двете белодробни крила
Претседателот на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо, планира да ја напушти својата позиција пред да му заврши мандатот во 2021 година, пренесува германската агенција ДПА
Чилеанската Влада ги објави плановите за досега најстрогите мерки на затворање, со задолжителна карантин за целата зона на Сантијаго, што е област со население од 6,5 милиони луѓе, пренесува Гардијан
Претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси предложи пакет економска помош во износ од три трилиони долари, за кои Демократската партија смета дека се неопходни за борбат против пандемијата на Ковид-19 и ублажување на економскиот колапс