Во рамките на олеснувањето на рестриктивните мерки воведени во Обединетите Арапски Емирати поради пандемијата на коронавирусот, во Дубаи е дозволено повторно отворање на јавните паркови, а гостите на хотелите можат да посетуваат приватни плажи.
Силите на Нигер и сојузниците од околните земји убиле 75 припадници на екстремистичката група Боко Харам во акција организирана на почетокот од оваа недела, објави денеска Министерството за одбрана на Нигер.
Израелката Сара Ицингер за своите 99 години го преживеала Холокаустот, а сега се излекувала и од Ковид-19, по боледување од речиси еден месец откако се заразила во дом за стари лица во Ерусалим.
Границата меѓу Канада и САД се очекува да остане затворена за обични патувања до 21 јуни, објави денеска канадскиот весник „Глоуб енд меил“.
Блокадата на Инстаграм профилот на Рамзан Кадиров, претседател на Чеченија, е поради тоа што тој е на списокот санкции воведени од САД, изјави денеска претставник на компанијата Фејсбук.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска се побара зголемување на старосната граница од 18 на 21 година за набавка на алкохол бидејќи бројот на смртни случаи поради прекумерна конзумација на алкохолни пијалоци е зголемен уште од почетокот на пандемијата.
Советот за безбедност на Белгија даде зелено светло за активирање на втората фаза на олабавување на рестриктивните мерки, врз основа на епидемиолошките податоци и состојбата во здравствените установи, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската комисија смета дека принципот на „имунолошки пасоши“ за преминување граници не е ефикасен во борбата против коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Шведска денеска објави дека сака да ангажира до 10.000 здравствени работници и негователи на постојан договор за подобрување на грижата што им се пружа на старите лица.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека има „докази“ за „скандалозни“ обиди на руско хакирање насочени кон нејзината канцеларија.