Каталонскиот Парламент не успеа да избере нов претседател на регионалната Влада на Каталонија, бидејќи кандидатот Жоаким „Ким“ Тора не го оствари неоходното апсолутно мнозинство од 68 гласови во првиот круг од гласањето.
- Северна Кореја објави дека ќе го исклучи и уништи полигонот за нуклеарно тестирање овој месец, пред големиот самит. Ви благодариме, многу паметен чекор, наведе синоќа Трамп на Твитер.
Едно лице загина синоќа при напад со нож во центарот на Париз. Напаѓачот е убиен од страна на француската полиција. Терористичката организација Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападот.
Судот во Милано го рехабилитира поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, отфрлајќи ги сите обвиненија против него во судскиот процес за измами на неговата компанија Медиасет, пишува денеска весникот „Кориере дела сера“.
Трговската битка меѓу САД и Кина за челикот, алуминиумот и другите стоки го покажува целосниот презир на Доналд Трамп кон мултилатералните договори и Светската трговска организација - институција создадена токму за решавање на трговските конфликти.
Главниот инспектор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Теро Вароранта ненадејно поднесе оставка, без да наведе причина за таквата одлука, соопшти организацијата.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повика на намалување на каматните стапки во Турција, оценувајќи дека каматите се „мајка и татко на секое зло“.
Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман денеска го повика сирискиот претседател Башар ел Асад „да ја ослободи Сирија од иранските сили“, бидејќи, според него, нивното присуство ја загрозува сириската држава.
Светската здравствена организација (СЗО) се подготвува за најлошото можно сценарио поврзано со појавата на ебола во зафрлената област на Демократска Република Конго.
Извозот на пластичен отпад од Европската унија во Кина паднал за дури 96 проценти во почетокот на годинава, откако кинеските власти воведоа строга забрана за рециклирање туѓ пластичен отпад.