Претседателот на Венецуела Николас Мадуро соопшти дека ги продолжува вонредните мерки во земјата за уште 30 дена
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, пристигна во вонредна посета на Израел каде со премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе разговара за прашањата поврзани со анексијата на териториите на Западниот брег, пренесоа француските медиуми
УНХЦР ги повика владите ширум светот под итно да ги решат проблемите на милионите апатриди (лица без државјанство) и да постапуваат според денеска издадените препораки од оваа Агенцијата за бегалци на ОН, за да се осигурат дека ќе бидат опфатени со плановите за одговор на коронавирусот
Гувернерите на девет од 26 држави во Бразил и на федералната област на главниот град Бразилија, соопштија дека нема да ги следат упатствата на претседателот Жаир Болсонаро за повторно отворање на салоните за убавина, берберници и спортските академии
САД соопштија за рекорден буџетски дефицит од 738 милијарди долари, во април годинава, предизвикан од огромни издвојувања на владата и драстично намалените приливи во државните каса за време на пандемијата на коронавирусот
Амбасадорот на Русија во ООН, Василиј Небензија, ги нарече САД смешни поради тврдењато на таа земја дека сè уште е дел од иранскиот нуклеарен договор, две години откако се повлече од него, што би значело дека Вашингтон би можел повторно да иницира санкции против Техеран
Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, се држи подалеку од претседателот Доналд Трамп, откако неговиот прес секретар излезе позитивен на коронавирусот, потврди портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени, јави „Гардијан“
Мнозинство од Американците и натаму веруваат дека нивната Влада лошо се справува со спречување на ширењето на Ковид-19, се дознава од најнова анкета на Си-Ен-Ен
Да се биде новинар во Латинска Америка никогаш не било лесно, без оглед дали владее десница или левица. Иако животот не им е непосредно загрозен, новинарите можат да бидат сигурни дека се барем прислушувани и сомнителни дека работат против Владата.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.311.908 лица. Од нив починале 290.597, а оздравеле 1.567.141 луѓе.