Загриженоста за ширење на вирусот меѓу високото раководство на САД синоќа се зголеми откако тројца официјални личности во Администрацијата соопштија дека заминуваат во 14 дневен карантин поради веројатна изложеност на Ковид-19
Американскиот лекар и поранешен директор на Националните центри за превенција и контрола на болести, доктор Том Фридн, презентираше список со „10 неспорни вистини за Ковид-19“ пред Комисијата за верификација на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.059.369 лица. Од нив починале 277.973, а оздравеле 1.415,259 луѓе.
Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ бара заем во висина од 2,8 милијарди американски долари од најголемите банки во земјата, поради намалената продажба како резултат на пандемијата на вирусот Ковид-219.
Британскиот министер за транспорт Грант Шепс денеска ги повика Британците да одат на работа со велосипед или пеш по укинувањето на рестриктивните мерки за да се намали притисокот врз јавниот превоз.
Во Франција во последните 24 часа се регистрирани 80 смртни случаи, што е најнизок дневен биланс од почетокот на епидемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Париз.
Во Италија стапката на смртност од срцев удар се зголеми за трипати од 4,1 на 13,7 проценти, како резултат на епидемијата на вирусот Ковид-19, кој ги преполни болниците во земјата.
Поради задолжителните мерки за физичка дистанца за време на епидемијата од вирусот Ковид-19, во Шпанија годинава туристите ќе треба да резервираат место на некои плажи.
Повеќе од илјада сиромашни работници и илегални мигранти во Женева чекаат ред уште од раните утрински часови да добијат помош од државата во форма на пакувања со храна.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска оцени дека поради кризата предизвикана од епидемијата Ковид – 19 неопходно е да се „ажурира“ дебатата за видот на Европската унија, што ќе овозможи зачувување на столбовите како што се единствениот пазар и Шенгенот, но и основните принципи како што е солидарноста