Министерството за туризам и спорт на Тајланд планира воведување на такса за странците во износ не поголем од 300 бата (девет американски долари)
Оперативниот штаб на Вухан наложи за десет дена да се изврши скрининг на населението за Ковид-19, откако се појавија нови случаи на заразени во градот
Потпретседателот на Бразил Хамилтон Моура изјави дека почнало распоредување на трупи за заштита на Амазонија, почнувајќи со сојузната држава Рондонија на границата со Боливија
Шефот на злогласниот мексикански нарко картел „Лос Зетас, Моис Ескамила Меј, нарелен „Дебелиот Меј“, почина во најзаштитениот затвор во Мексико, Халиско, како последица на зараза со Ковид-19
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, разочаран што завојуваните страни во Либија не ги слушаат повиците за глобален прекин на огнот, денеска ги осуди нападите врз цивилите и повика на прекин на сите воени операции во оваа африканска земја
Европските авио и туристички компании треба да понудат ваучери за патниците на летовите и туристичките патувања кои биле откажани поради коронавирусот, а кои би имале важност од најмалку 12 месеци, препорачува Европската комисија, со цел да ги охрабри патувањата и туризмот во Европа
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо денеска изјави дека неговите двајца политички советници од САД поднеле оставка, откако не успеа нивниот план за апсење на социјалистичкиот претседател на Венецуела, Николас Мадуро
Индијанските племиња Сијукси, во американската држава Јужна Дакота одбиваат да ги отстранат контролните пунктови за превенција од коронавирусот, поставени на патиштата што минуваат низ нивната земја
Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести Ентони Фаучи денеска треба да сведочи пред американскиот Сенат при што ќе предупреди на ризиците од прерано повторно отворање на економијата, велејќи дека тоа може да доведе до „непотребни страдања и смрт“, пишува „Њујорк Тајмс“
Корпоративниот оперативен профит на „Тојота Мотор“ за тековната финансиска година ќе биде помал за 79,5 отсто и ќе изнесува 500 милијарди јени (4,66 милијарди долари), а тоа е резултат на пандемијата на коронавирусот, се вели во соопштението на компанијата