Следниве неколку дена Мексико би можел да остане без пиво, соопшти Здружението на пиварниците во Мексико
Европа мора да извлече поука од корона-кризата и да ја гарантира својата стратешка независност во клучните области како што се производство на лекови, залихи, па дури и преместување на производство, рече шефот на европската дипломатија Жосеп Борел
Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) предупреди дека повеќе од 43 милиони луѓе во западна Африка ќе се соочат со опасност од недостиг на храна во наредните месеци, како резултат на новиот коронавирус
Пандемијата со новиот коронавирус има негативни последици по менталното здравје на Австријците, а зачестеноста на симптомите на депресија во Австрија, според репрезентативна студија на Универзитетот во Кремс, значително е зголемена
Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од илјада луѓе се хоспитализирани поради истекување на отровен гас во хемиска фабрика во југоисточна Индија, соопштија локалните власти
Израелскиот Врховен суд донесе пресуда синоќа со која премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговиот противкандидат на изборите, Бени Ганц, можат да формираат влада за национално единство иако премиерот е обвинет за казнени дела
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа стави вето на резолуцијата донесена во Конгресот со која се бара да се ограничи неговото евентуално воено дејствување против Иран
Фејсбук отстрани мрежи на лажни профили преку кои се ширеле дезинформации и лажни вести од Иран, Русија и САД, пренесува Би-Би-Си
Мерките за контрола на границите поради коронавирусот, ограничувањата за движење и откажувањето на летови ја зголемуваат цената на наркотиците ширум светот и го попречуваат пристапот до нив, се вели во извештајот на Службата на ОН контрола на наркотици и спречување криминал
Се проценува дека најмалку 90.000 здравствени работници во светот се заразени со коронавирусот, иако тој број би можел да биде двојно поголем, се вели во соопштение на Меѓународниот совет на медицински сестри