Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ бара заем во висина од 2,8 милијарди американски долари од најголемите банки во земјата, поради намалената продажба како резултат на пандемијата на вирусот Ковид-219.
Британскиот министер за транспорт Грант Шепс денеска ги повика Британците да одат на работа со велосипед или пеш по укинувањето на рестриктивните мерки за да се намали притисокот врз јавниот превоз.
Во Франција во последните 24 часа се регистрирани 80 смртни случаи, што е најнизок дневен биланс од почетокот на епидемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Париз.
Во Италија стапката на смртност од срцев удар се зголеми за трипати од 4,1 на 13,7 проценти, како резултат на епидемијата на вирусот Ковид-19, кој ги преполни болниците во земјата.
Поради задолжителните мерки за физичка дистанца за време на епидемијата од вирусот Ковид-19, во Шпанија годинава туристите ќе треба да резервираат место на некои плажи.
Повеќе од илјада сиромашни работници и илегални мигранти во Женева чекаат ред уште од раните утрински часови да добијат помош од државата во форма на пакувања со храна.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска оцени дека поради кризата предизвикана од епидемијата Ковид – 19 неопходно е да се „ажурира“ дебатата за видот на Европската унија, што ќе овозможи зачувување на столбовите како што се единствениот пазар и Шенгенот, но и основните принципи како што е солидарноста
Унгарските власти електронски ги надгледуваат лицата кои се наоѓаат во домашен карантин дали се придржуваат до правилата
Француската авиокомпанија „Ер Франс“ од понеделник ќе ја мери температурата на патниците и ќе бара од нив да носат заштитни маски за време на летот
Околу 70 лица избегале од карантинскиот центар во областа Невада во индиската држава Бихар, поради лоши услови и недостиг од храна